Временска прогноза
Објавено на 4 јануари, 2017 во 06:57
Денеска во утринските часови ќе има појава на врнежи од снег во западните и северните делови. Преку денот променливо облачно со слаб јужен ветер. Температура до 6 степени.
Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено.