Временска прогноза
Објавено на 29 декември, 2016 во 07:04
Променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер. Во северните делови ќе има услови да провејува слаб снег. Максималната температура до 4 степени.
Од петок следува постепено разведрување, па за време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.