Доаѓа поларен студ!
Објавено на 27 декември, 2016 во 07:09
Од денеска поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.
Во западните и северните делови ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка.
Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад (над околу 600 м.н.в). Во среда и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час).
За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено.