Временска прогноза
Денеска не очекува умерено, на некои места значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе се засилува. На некои места ќе има и сончеви периоди.
На повисоките места и на планините ветерот ќе биде со умерен до засилен интензитет и ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Во северните и во источните предели ќе има услови за слаб локален дожд на пониските места и провејување на слаб снег на планините.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег. В среда и в четвртик ќе има засилување на ветерот од северозападен правец.