Останува непроменето гласачкото ливче за гласањето во недела
Објавено на 23 декември, 2016 во 09:35
Гласачкото ливче останува исто и на прегласувањето кое ќе се оддржи во недела, соопштија од Државната изборна комисија.
И покрај тоа што од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да учествуваат на прегласувањето, нивните кандидати ќе се најдат на гласачкото ливче. Кандидатските листи се потврдени и тие остануваат исти како и за гласањето на 11 декември, велат од Државната изборна комисија.
Според пресметките, прегласувањето може да доведе до промена во освоените мандати кај двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Ако СДСМ освои уште еден мандат по прегласувањето во Теарце, двете партии ќе имаат по 50 пратенички места.
Во избирачкото место 2011 во Теарце, право на глас имаат 714 лица.
Извор: 24 Вести