Управен суд ќе одлучува за жалбите на партиите
И од таму поднеле тужба до Управниот суд поради решението на ДИК со кое се уважи приговорот на движењето БЕСА и се поништија резултатите од гласањето на гласачко во општина Гостивар, ИЕ6.
Според процедурата, по поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страницата на судот, како и на веб-страницата на ДИК. Одлуките на Управниот суд треба да го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.
Инаку, претходно ДИК на јавна седница разгледуваше осум приговори на Беса и шест на СДСМ (два на социјалдемократите беа повлечени). Од сите овие, прифатен беше само еден на Беса, за случајот со фалсификуваниот потпис на гласачката Фатиме Сулејмани, за кој вештачеше и официјален графолог. Маратонските седници во ДИК беа пропратени со постојани протести на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ. На блокираната улица „Св. Кирил и Методиј“ беа држени говори, се играше оро, палеа огнови, се пееше и скандираше, а одекнуваа и пукотници од огномети и од пиротехнички средства.
ДИК по приговорите на партиите почна да одлучува пред четири денови, но целиот процес се пролонгираше, со што се пролонгираше и роковникот за изборите. Поради тоа, конечните резултати од парламентарни избори ( 11 декември), би можело да бидат објавени најдоцна на 21 декември, односно по одлуката на Управниот суд, доколку нема прегласување на некое избирачко место. Во случај да има прегласување, тоа треба да се одржи на 25 декември.