Временска прогноза
Објавено на 22 ноември, 2016 во 06:39
Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.
По одделни котлини и по речните долини ќе има појава на магла со намалена видливост. Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува за викендот, кога ќе има и расејување на маглата.
Денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, по одделни котлини магливо и постудено.