Бејли повика на ненасилна кампања и без заплашувања
Објавено на 21 ноември, 2016 во 14:22
Лидерите треба да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не креваат политички и меѓуетнички тензии, порача денеска на првиот ден од изборната кампања, американскиот амбасдор во земјава, Џес Бејли.
Тој ги повика граѓаните да го искористат своето демократско право на глас.
„Секој глас се смета. Ги повикуваме сите граѓани да го искористат нивното демократско право да гласаат и да ја определат иднината на својата земја“, додаде Бејли.
Извор: Плусинфо.мк