Временска прогноза
Објавено на 14 октомври, 2016 во 07:05
До сабота ќе преовладува стабилно време со релативно високи дневни температури.
Од недела под влијание на влажен воздушен бран ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури. Повеќе врнежи се очекуваат недела кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи.
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 22 степени.