Сопственичката на МИТ Универзитет: Ова е одмазда за критиките кон власта
Сопственичката на универзитетот МИТ, Билјана Апостолова во изјава за 24 Вести вели дека се работи за политички монтиран случај и хајка против неа и МИТ универзитетот за да ја замолчат, поради нејзините јавно упатени критики кон власта.
Апостолова вели дека МИТ утре продлжува со работа, бидејќи таму нема ништо незаконско.
Акцијата била по наредба на Основното јавно обвинителство. Инспектори од МВР, од Управата за Јавни Приходи и од Министерството за образование, во придружба на наоружани полицајци ја проверуваат целокупната документација на универзитетот.
Основното обвинителство соопшти дека Јавен обвинител дал наредба полицијата да изврши претрес на повеќе објекти кои им припаѓаат на „МИТ“ универзитетот.
Оттаму велат дека се вршат претреси со цел да се прибават документи и други предмети што би се користеле како докази во кривична постпка.
Извор: Локално