Временска прогноза
Објавено на 6 октомври, 2016 во 07:00
Денеска ќе се задржи променливо облачно со подолги сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата до 20 степени.
Во петок под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, особено доцна попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни. За време на викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота релативно свежо, а од недела со благ пораст на температурите.