Распитот за „Трезор“ во тек, изјава дава Горан Грујовски
Поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујоски, дојде во Основниот суд Скопје 1, каде треба да даде исказ во врска со истрагата на Специјалното јавно обвинителство насловена „Трезор“.
Во предметот „Трезор“ СЈО сомничи три лица од УБК и едно од МВР кои преку договори и анекси за набавка на опрема за шпионирање и нејзино одржување го оштетиле државниот буџет за 860.000 евра. Злоупотребата почнала во 2010 година кога првите тројца осомничени заминале во Велика Британија каде што договориле набавка на опремата. Но, наместо директно да биде склучен договор со британската фирма, се јавува фирма посредник „Финзи ДООЕЛ“ Скопје, преку која увозот бил фактуриран за неколкукратно повисока сума.
СЈО побара на еден осомничен да му биде одреден притвор, а на останатите тројца да им бидат одземени пасошите.
Извор: Плусинфо