Миленко за бугарска Нова: Бугарите се како кучиња
Македонскиот водител Миленко Неделковски, кој изминативе денови е во центарот на вниманието кај нашиот источен сосед поради кршењето на спомен плоча која беше поставена од бугарска воена делегација на врвот Кајмакчалан, даде интервју за бугарска Нова.
– Целта ми беше да се тргне нешто што е диво, криминално, нелегално, што е поставено без дозвола на македонските власти. Вандализам е кога влегувате на странска територија без дозвола. Влегле од Грција оние Бугари, кои биле облечени во униформи. Влегувајќи во униформа, тоа е чин на агресија. Кога министерот за одбрана ќе каже дека тој нема да ги казни, а ќе ги награди за тоа што влегле така, тоа е вандализам. Тоа е агресија. Тоа е провокација – аргументира тој.
Неделковски ја обвини бугарската држава за обид за провокација, негирајќи дека со кршењето на плочата на споменикот, тој провоцирал.
– Бугарските активности се провокација. Бугарите се како кучињата, кои сакаат да ја одбележат територија од дрво на дрво, така велат – ова е наше. Не може да е бугарско, не може да е ваше – изјави Миленко Неделковски.
Извор: Плусинфо.мк