Британската фирма што продавала опрема на „Финзи“ нуди напредни шпионски софтвери
Британската фирма Гамма, со која МВР, преку „Финзи“ склучувала договори за набавка на опрема и испумпувала пари од буџетот се наоѓа на листата ‘непријатели на интернетот’ која нуди напредни шпионски софтвери, што ја објави „Репортери без граници“.
Според „Репортери без граници“, оваа фирма, која има седиште во Велика Британија, но и подружници во Германија, Југоисточна Азија и на Средниот Исток, продава опрема на владини агенции за прислушување, а нивниот ‘финфишер’ софтвер се сметал за еден од најнапредните на пазарот.
„Компјутерот или вашиот телефон постојано е заразуван од Тројан вирус, кој е контролиран од владините агенции преку контролни сервери. Компјутерот може да биде заразен преку лажна надградба на софтверот, сомнителни електронски пораки или преку физички контакт со апаратот. ФинФишер нуди технологија со која цело интернет кафе може да биде зафатено од вирусот за да се следат сите корисници“, стои во извештајот на „Репортери без граници“ и се додава дека откако ќе биде инсталиран, речиси е невозможно да се отстрани вирусот.
Гамма Интернатионал е во сопственост на Лутан Нелсон, а фирмата редовно се наоѓа на насловните страници во британските медиуми, поради контроверзната опрема што ја нуди на пазарот. Истражувањето на британски Гардијан во 2012 година покажало дека фирмата вработува лица кои претходно работеле во воениот сектор.
БИРН уште минатата година пишуваше дека Македонија се најде меѓу 32 држави во светот кои го користат малициозниот софтвер наречен ФинФишер за следење на комуникациите преку интернетна комуникациите преку интернетна комуникациите преку интернет, според извештајот на истражувачката група Ситизен лаб од Универзитетот во Торонто.
За Македонија не беше наведен специфичен орган или институција кој го нарачал следењето на комуникациите преку ФинФишер. И во 2013 година истата Ситизен лаб објави дека како провајдер на шпионскиот софтвер ФинФишер во Македонија се користела ИП адреса од Македонски телеком, но не беше познато која институција го нарачала.
Од Специјалното јавно обвинителство не обелоденуваат точно за каква опрема станува збор во истрагата „Трезор“ што ја отворија вчера, но сомнежите дека станува збор за софтверот ФинФишер се повеќе од очигледни, особено ако се земе предвид дека станува збор за една од најконтроверзните фирми кои произведуваат алатки за следење интернет комуникации, пишува Призма.
Извор: Плусинфо.мк