Гошева: Уставноста на СЈО ќе ја оцениме кога ќе дојде време
Објавено на 27 септември, 2016 во 14:20
Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, денеска одговарајќи на прашање на новинарот на телевизија 24 Вести рече дека иницијативата за оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство пред судиите ќе се најде тогаш кога ќе биде време.
Таа не сакаше да прецизира кога ќе биде тоа, ниту пак сакаше да ги коментира барањата на „Шарената револуција“.
Извор: Локално