Владата најави ново задолжување од 10, 8 милиони евра
Објавено на 26 септември, 2016 во 09:39
Министерството за финансии утре планира да земе нов заем од домашните кредитори во износ од 10,8 милиони евра.Според најавата, Владата ќе побара 4,87 милиони евра преку 12-месечни државни записи и уште 5,93 милиони евра преку 15-годишни државни обврзници.
Инаку, по издавањето на последната еврообврзница, јавниот долг, според опозицијата е над 50 посто од БДП.
Извор: Плусинфо.мк