Македонската Амбасада реагираше по неточната информација за родниот град на Мајка Тереза во брошурата
Објавено на 5 септември, 2016 во 06:55
Македонската амбасада во Ватикан соопшти дека веднаш реагирала по неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата подготвена од Ватиканските власти за денешната свеченост.
– Првата реакција е испратена од страна на нашата Амбасада во Ватикан, додека потоа и македонската државно-црковна делегација која што присуствуваше на церемонијата упати остра реакција, со барање брошурата да биде повлечена, грешката исправена и побара објаснување од Ватиканските власти за овој пропуст на организаторот, се наведува во соопштението.
По реакциите, на примероците од официјалните делегации е корегирана грешката.
Грешката беше само на англиската верзија на брошурата.