Грција бесна: Бразил го употребил официјалното име на Македонија на страницата на ЛОИ
Објавено на 1 август, 2016 во 09:07
Грчкиот олимписки комитет најави дека ќе преземе мерки поради наводната грешка на официјалната веб-страница за годинешната Олимпијада во Рио де Жанеиро, на која Македонија наместо под референцата Поранешна југословенска република Македонија е заведена под уставното име.
Како што јавуваат грчките медиуми, грешката е направена и покрај тоа што Меѓународниот олимписки комитет јасно ставил на знаење дека земјата во Обединетите нации е заведена како ФИРОМ.