Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во најновиот број на неделникот ФОКУС ќе читате:

ВИСТИНСКИОТ УБИЕЦ

„Тигарот“ Игор Спасов трипати беше на распит кај специјалните обвинители, а нашите извори велат дека СЈО му влегло во трагата на вистинскиот убиец на Мартин Нешкоски, кој смртоносниот удар му го задал на друга локација, а не на скопскиот плоштад на 5 јуни 2011-та

ПОРАКИТЕ НА НУЛАНД

Последниот договор на партиите ја разочара демократската јавност зашто од него изостанаа очекувањата за специјално судско одделение за кривичен прогон на криминалот од „бомбите“. Сепак, Нуланд имала детални и остри пораки за судска завршница на криминалното досие на власта

ДРЖАВА ВО ЌОРСОКАК

Како може да се очекува од некого да го почитува зборот или потписот, кога не почитува ниту Устав ниту закони? Сепак, конечно, меѓународните пријатели сфатија дека зборот е збор, ама Груевски си е – Груевски. И дека тој е главниот проблем кој ја предизвика кризата, па затоа не може и не смее да биде дел од нејзиното решавање

НЕКОЈ МОРА ДА Е ВО ЗАБЛУДА

И Груевски и Заев му се радуваат на последниот договор. Пастирот верува оти козметичкиот договор е одлична шанса за изборна корупција и нова изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ, а главната причина за задоволство во опозицијата не е она што го пишува во договорот туку агендата на СЈО за кривичен прогон на Фамилијата

ЕКОЛОШКИ ПОГРЕБ

Пред две години владата одлучи на местото на Студенчишко блато, природен феномен зачуван илјадници години во Охрид, да се гради луксузна населба, што според еколозите ќе биде смртна казна за езерото. Арно ама, груевистите формирале контра-еколошка иницијатива за поддршка на проектот

СОМНИТЕЛНА ИСПЛАТА

Извештајот на Државниот завод за ревизија констатира оти 3 милиони евра од програмата за чистење на каналите за наводнување се доделени без контрола на терен. Покрај „Силекс неметали“, податоците до кои дојде „Фокус“ ги откриваат и другите компании што инкасирале дел од овие средства

НЕПОДОБНИ ЗА ВЛАСТА

Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп кој в година ќе слави 60-годишен јубилеј, се соочува со можноста да биде иселен од центарот за култура „Марко Цепенков“, а причината за тоа е што неговите први луѓе од семејствата Бабиќ и Јанески се силни поддржувачи на опозицијата

ПОФАЛБА НА КРИТИКАТА

Дали сте вие вмровците корумпирани? Да, и затоа немојте кога ќе изгубите на изборите вината да ја барате во странски служби. Дали сте и вие сдсмовците умислени дека само вие знаете како се води држава? Да, и затоа кога ќе изгубите на изборите немојте вината да ја барате во глупавиот народ

КОЛУМНИ

Ристе ЉУБОТЕНСКИ

Извор: Локално.мк

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново