Нема мерки за претпазливост за Јанкулоска
Објавено на 27 јули, 2016 во 14:12
Нема мерки за претпазливост за поранешната министерка за внатрешни работи Горданa Јанулоска, одлучи Судот.
Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја отфрли жалбата како неоснована и го потврди решението на судијата на претходна постапка да нема мерки на претпазливост за Јанкулоска.
Таа е трето осомничена во случајот „Тврдина“ за уништување на опрема за прислушување.
Извор: Радио Слободна Европа