Временска прогноза
Објавено на 23 јули, 2016 во 07:06
За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд.
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.
Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд. УВ=8