Временска прогноза
Објавено на 22 јули, 2016 во 05:47
До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот.
Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
ДЕНЕСКА: Сончево и топло со слаб северен ветер. УВ=9. Температура до 34 степени.