Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Доаѓањето на новиот министер предизвика несигурност во дел од финансискиот сектор, кај некои пак побуди прашања, можна ли е промена во политиките, промена на подобро? Кирил Миноски го наследува Зоран Ставрески во најчуствителните политичко – економски прилики во земјава, пишува Фактор.

КОНТРОВЕРЗНИ ПРОЕКТИ: Што ни остава Ставрески во наследство?

Земјава, преку финасии континуирано се задолжува на домашниот пазар, но и на меѓународниот. За 2, 5 милијарди беше зголемен јавниот долг во изминативе 7 години, но она што го велат експертите, проблемот е што долгот не беше искористен доволно паметно Ова всушност е и еден од најголемите „гревови“ што му се земаат на Ставрески.

Последната најава за нови задолжувања ја даде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој навести дека Владата ќе се задолжува со еврообврзница, но сеуште не е позната сумата и деталите. Груевски изјави дека при ланското задолжување, СДСМ ја блокирала еврообврзницата од 500 милиони евра. Со оглед на тоа што тогаш владата позајми 270 милиони евра, според очекувањата сега вредноста на задолжувањето веројатно би изнесувала 230 милиони евра.

Од Миноски се очекува да одоговри дали ќе продолжи истата политика на прекумерно трошење во делот на јавните финансиии за непродуктивни расходи, или пак тој ќе направи рез и ќе ги спречи непотребните зголемувања и трошоци за плати, пензии, субвенции.

Не е реално да се очекува дека Миноски ќе води автохтона политика, туку поверојатно е тој да ги следи досегашните политики и политиките што ги спроведува Владата сметаат познавачите.

Сепак, треба да му се даде шанса за да се види дали Миноски е човек со интегритет и знаење како што пишува во неговото си-ви, или ќе дозволи да биде претопен во партиски послушник и слепо да ги спроведува политиките што му се наметнуваат.

Извор: Фактор

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново