Продолжува процесот Диво Насеље
Објавено на 14 јуни, 2016 во 08:11
Судскиот процес за Диво Насеље продолжува денеска во Свечената сала на Врховниот суд. Во овој предмет им се суди на 37 обвинети за тероризам и логистичка поддршка на оваа терористичка група.
Лани на 9 и на 10 мај во кумановско Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.
Извор: Плусинфо.мк