Временска прогноза
Објавено на 14 јуни, 2016 во 07:03
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови. УВ=7. Температура до 28 степени.
Од среда нашето подрачје ќе потпадне под влијание на сува и многу топла воздушна маса од југ. Особено топло ќе биде за време на продолжениот празничен викенд, кога дневната темпаратура долж Повардарието ќе достигне 40 степени.