Македонија – рај за инвеститори и пекол за работници
Македонија-земја со евтини работници. Власта во Скопје не се двоуми со тоа да привлече инвеститори и уште да ги награди со богати инвестиции, пишува српскиот Њусвик, пренесува Фактор.
Скромно, добро облечен, насмеан, но видно преморен. Изгледа како да чекори во петтата деценија на животот, но има 35 години. Горан мора да порани за да го стигне фабричкиот автобус кој секое утро го вози до работното место. Живее во Велес, а работи во близина на Кавадарци, во германски Дрекслмајер, голем произведувач на делови за автомобили.
Горан работните денови ги поминува на нозе, чекајќи автобус, стоејќи внатре затоа што нема седишта, во погонот на фабриката каде може да одмори само за време на 20 минутната пауза.
„Напорно е, но мора да се турка. Немам избор. Цел ден сум на нозе за 180 евра месечно. За работа за викенди и празници се добива нешто ситно плус. Физички издржувам, но да ви кажам психички веќе попуштам„-вели тој.
Тој е еден од ретките кој е подготвен да проговори за она што се случува и изживувањето од странскиот инвеститор, па затоа неговиот идентитет е скриен под името Горан.
Убеден е дека ако со име и презиме зборува јавно за нечовечните услови за работа, ќе ја изгуби работата.
Тој објаснува дека клима уредите во лето се исклучуваат во 14 часот, се штеди струја, работата е напорна.
Истото го потврдуваат и работници од други фабрики на странски инвеститори. Велат дека постојано доаѓаат нови работници, но ретко кој ќе издржи.
Извор: Плусинфо.мк