Во Скопје, „Шарената револуција“ ќе протестира пред СЈО и Кривичниот суд
Објавено на 10 јуни, 2016 во 07:45
Шарената револуција за денеска најавува нови акции во Скопје. Пред Основниот суд Скопје 1 претпладнево ќе се протестира за слобода на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење беше одложено трипати, а закажано е за денеска.
Како што јави 24 Вести во 18 часот ќе се протестира вообичаено пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство. Здравко Савески и Владимир Куновски се веќе 45 дена во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.
Ослободување на демонстрантите од притвор е едно од барањата на Шарената револуција.