Временска прогноза
Објавено на 10 јуни, 2016 во 06:07
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7 Температурата ќе достигне до 26 степени.
До вторник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Само во сабота ќе има преодно стабилизирање со сончево време преку целиот ден. За време на викендот ќе биде потопло, а во почетокот на наредната недела повторно ќе има благ пад на температурата.