Временска прогноза
Објавено на 9 јуни, 2016 во 07:04
Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=7. Teмпературата ќе достигне до 26 степени.
И во петок ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено во западните делови од земјава.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло. Од недела попладне до вторник повторно ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.