Закани со притвор за битолските демонстранти од „Шарената револиција“
„Ако одиш на протести и ако ја шараш Општината ќе те притворам“. Вака инспектор од СВР Битола му се заканил на тутунарот Кире Неделковски, кој денеска беше повикан на распит во полиција.
Неделковски, кој во 2010 и 2011 година беше водач на протестите на тутунарите тврди дека на информативниот разговор во полиција денеска добил директни закани, ако продолжи да учествува на протестите на „Шарената револуција“.
– Инспекторката ме праша зошто протестирам, што интерес имам од тоа или сакам случајно Заев (Зоран Заев, лидер на СДСМ н.з.) да го збогатам. Јас и кажав дека протестирам бидејќи сум незадоволен од оваа власт, од она што го направи Талески, воопшто од аболицијата и случувањата во државата – изјави Неделковски за „Мета“.
Инспекторката му посочила дека тој се сомничи за шарање на зградата на Општина Битола кој била под заштита како објект од културно и историско значање и дека ќе одговара пред законот ако продолжи со такво однесување.