Обвинителство тврди дека Крпач се самоубил
Објавено на 2 јуни, 2016 во 12:48
И покрај тајноста на предистражната постапка, ОЈО ја известува јавноста, со цел, како што вели, отстранување на шпекулации.
Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице Коста Крпач е утврдено дека станува збор за самоубиство.
И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите, велат оттаму.
Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на Крпач.
Извор: Плусинфо.мк