Средба на претседателите на УПОЗ и на Судски совет
Зоран Караџовски, претседателот на Судскиот совет, за денеска им закажал средба на претставниците од судовите и УПОЗ.
Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски вели дека најверојатно ќе ги седне на маса за да разговараат за нивните барања. Според синдикатот на судската администрација на вчерашната седница на Судскиот совет се разгледувале две точки кои се важни за судската администрација. ОД УПОЗ објаснуваат дека според неофицијални информации, вработените кои протестираа ќе добијат само 60% од платата. Судските службеници најавија дека ако власта не ги исполни нивните барањата ќе почнат и штрајк со глад.
Тие бараат покачување на плата за 35%. Штрајкот на судската администрација трае две недели. Тие вчера отидоа пред Министерството за правда, побараа средба со министерот, но тој бил во Гостивар и никој не ги прими.