Не се објавува бројот на граѓани кои ќе се опфатат со теренска проверка
Објавено на 16 март, 2016 во 08:27
И понатаму е тајна бројот на граѓани кои би требало теренски да бидат проверени од страна Државната изборна комисија. Се очекува оваа комисија утре да даде детали за работата на екипите на теренот,јави АлсатМ.
Засега не е јасно колку време ќе одземе нивното обучување, но тоа што се знае е дека оваа институција треба да претстави ажурирана избирачка листа до 17 април. Според законот, таа потоа оди на јавен увид 15 дена откако ќе биде објавен датумот на изборите.
Граѓаните и натаму можат да пријавувата забелешки за евентуални нерегуларности во избирачкиот список.
Извор: АлсатМ