Новинарите бараат писмено образложение зошто е затворена за јавност седницата на Уставен
Околу десетина новинари од повеќе медиуми утринава пред Уставниот суд беа спречени од обезбедувањето да влезат во Судот за да ја следат седницата закажана за во 9 часот, јави Нова.
Новинарите побараа судот писмено согласно со процедурата да образложи што е тоа што ги спречува седницата да биде отворена за јавноста.
Во моментов неколку новнарски ексипи пред вратите на Уставен суд чекаат на образложение на Судот, а во утриските часови објектот од сите страни е опколен со околу 1.000 контадемнстранти кои тука ја поминаа ноќта.
Уставниот суд вчера на веб страницата објави дека седницата ќе биде затворена за јавноста, и притоа нема образложение зошто и кој одлучил во Уставниот суд утрешната седница да не биде јавна и да се забрани присуство на новинарите.
Во членот 85 е предвиден исклучок за тајност на седница, но за тоа треба да одлучи Судот, односно сите судии, но по претходно образложена одлука што ќе и биде соопштена на јавноста.
На седницата на дневен ред е ставена и точката за укинување на Законот за помилување со што доколку со просто мнозисвто судот го изгласа тоа, тогаш претседателот на државата ќе добие ингеренции и ќе може да помилува лица осудени за изборен криминал, педофили наркоодилери и др.