Возило ја проби оградата на мостот „Гоце Делчев“, еден загинат
Објавено на 11 март, 2016 во 13:47
Тешка сообраќајна несреќа утринава се случила на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Црно возило марка Пунто излета од патот, ја проби кованата ограда и буквално виси над реката Вардар.
Не се знаат причините за несреќата, а возачот на автомобилот починал на лице место. Во моментов на терен се екипи на Итната медицинска помош и екипи на противпожарната служба кои се обидуваат да го извлечат автомобилот на коловозот.
Извор: Новатв.мк