Шестима обвинети во „Ќелија“ признаа дека врбувале за ИСИЛ
Објавено на 11 март, 2016 во 13:39
Во Кривичниот суд се одржа судско рочиште за операцијата „Ќелија“.
Од 11-тмината обвинети, шестмина од нив ја признаа вината. Судот ги упати со обвинителството да се спогодат околку нивната казна.
Доколку не се спогодат, ќе се одржи ново судско рочиште за оценка на обвинителниот акт.
Инаку, Јавното обвинителство ги товари 11-мината обвинети, дека поттикнувале македонски граѓани да земаат учество во паравоини структури на ИСИЛ.
Оџата пак, од Тутунсус-џамија се товари за организирање и подготвување лица за заминување во Сирија, вршејќи индоктринации преку верски и националистички говори.
Извор: Телма