Продолжува судењето за „Диво насење“ со сведочење на петмина жители
Судскиот процес за Диво насеље денеска продолжува во Кривичниот суд во Скопје, со сведочење на петмина кумановци, сведоци на барање на Јавното обвинителство, јави ТВ Нова.
На рочиштето пред два дена сведочеше командирот на полициската станица во Пелинце, полицаец и двајца жители на населбата.
Од почетокот на судењето во февруари, досега се испрашани десетина сведоци предложени од Обвинителството, од кои најголем дел беа локални жители на кумановско Диво насеље и соседи на дел од обвинетите.
Во овој процес им се суди на 29 лица обвинети за тероризам за настаните од 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Диво насеље, кога вооружена група се судри со безбедносните сили, при што загинаа осуммина полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.