Ванхауте: Не е возможно да продолжат средбите за медиумите
Објавено на 10 март, 2016 во 10:17
Преговорите за реформи во медиумите со политичките работни групи не е возможно да продолжат на начин на кој досега се одвиваа, се наведува во соопштението на европскиот посредник во преговорите Питер Ванхауте, јави Телма.
-Земаќи го во предвид интересот на јавноста за преговорите за медиуми во рамките на политичката работна група, Ве известуваме дека во овој момент за жал не е возможно да продолжат средби за медиумите во форматот во кој до сега се одвиваа преговорите, каде се обидувавме да постигнеме консензус по различните предлог-амандмани. Во секој случај, сеуште разгледуваме различни алтернативни опции за да се дојде до согласност помеѓу релевантните страни, стои во соопштението од Канцеларијата на Ванхауте.