МТПС исплатило неколку надоместоци од социјална заштита
Објавено на 8 март, 2016 во 14:07
Министерството за труд и социјална политика денеска информираше дека префлило средства за исплата за надоместок на неколку права од социјална заштита.
– Извршена е исплата на следните права од социјална заштита: социјална парична помош, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, субвенции за електрична енергија, како и социјалната парична помош за азиланти, се вели во денешното соопштение од МТСП.
Извор: МИА