Заврши претресот во Батинци
Објавено на 8 март, 2016 во 13:49
Побаравме дозвола од судот за денеска заедно со полицијата да извршиме претрес во една локација во скопското село Батинци. Можам да ви кажам дека претресот е завршен, а во чиј дом бил извршен претресот и што ќе биде во иднина засега не можам да известам, изјави за Плусинфо обвинителката и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристовска.
Според непотврдени информации, но и според тврдења на некои медиуми, претресот бил извршен во домот на полицаецот М.П., чиј идентитет неколку пати беше споменуван во објавените „бомби“ од страна на опозицијата, односно во сетот разговори помеѓу М.П. и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески.
Извор: Плусинфо