Судењето за Диво насеље продолжува денеска
Објавено на 8 март, 2016 во 08:40
Претходното рочиште беше одложено, откако адвокатите на обвинетите бараа од судот поголема судска сала, бидејќи, според нив, немало доволно простор за да можат да работат, но и да влезат роднините на сите обвинети.
На претпоследното рочиште беа сослушани петмина сведоци, од кои четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица Гошинце, пред настаните во Куманово, и еден очевидец од Диво насеље. Сведочењето се одвиваше без присуство на новинари.