Временска прогноза
Објавено на 1 март, 2016 во 06:41
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне во источните делови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен јужен ветер.