Започна вкрстувањето на податоците во процесот за проверка на Избирачкиот список
Објавено на 29 февруари, 2016 во 15:37
Експертите ангажирани од Државната изборна комисија, денес, 29.02.2016 го започнаа вкрстувањето на податоците од 10 бази на податоци добиени од релевантни државни институции.
На овој процес му претходеше стандардизирање, нормализирање и валидација на податоците од базата на Министерството за внатрешни работи со базите на Фондот за здравствено осигурување на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Централниот регистар на РМ, Народната банка на РМ и Управата за јавни приходи.
Интегрален текст од соопштение на ДИК