Битолчанец брутално си го претепа малолетниот син
Објавено на 29 февруари, 2016 во 09:22
Триесет и шестгодишниот битолчанец Ц.Џ „заработи“ кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „запуштање и малтретирање на дете“ и „телесна повреда“.
Пријавениот го запуштил, малтретирал и тепал своето дванаесетгодишно дете – соопшти полицијата.
На 03 февруари во домот на бабата на детето, пријавениот го натепал својот син, при што му нанел видливи повреди во пределот на главата и телото, кои биле констатирани во Клиничка болница во Битола.
Извор: Канал 77