Временска прогноза
Објавено на 29 февруари, 2016 во 06:44
Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремен локален дожд, особеновозападните делови. Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а од среда температурите ќе бидат во постепено опаѓање.