Бејли: „Сите партии да вложат напор за фер избори, медиумите да демонстрираат професионално известување“
Објавено на 24 февруари, 2016 во 08:52
Сите партии ја имаат одговорноста на 5-ти јуни да се организираат фер и демократски избори, и секоја од нив треба да направи напор истото да се реализира – порача американскиот амбасадор Џес Бејли по одлуката на Собранието Македонија на избори да не оди на првопредвидениот датум 24-ти април, туку на 5-от ден од јуни, пренесе 24 Вести.
Бејли имаше порака и за медиумите – да ги испочитуваат сопствените заложби и да демонстрираат професионално и непристрасно известување.