Заев: „Уште еден пораз на Груевски! Ништо повеќе не зависи од него, тој е минато!“
„Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за медиуми и прочистување на избирачкиот список, лажниот патриот Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза. Потврдата од ЕУ и САД, дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината.
Груевски сакаше да ја вовлече Макеоднија во меѓународна изолација, за заштита на криминалот и корупција на фамилијата. Тој се плаши од слободни избори, затоа што знае дека ќе ги изгуби. Груевски не може да ја држи Македонија во заложништво.
Вечерва се потврди. Ви реков? Се случи. Ништо повеќе не зависи од Груевски, тој е минато! Во Македонија мора да има, и ќе има слободни, фер и демократски избори. Избори со прочистен Избирачки список и реформи за слободни медиуми, на кои сите граѓани слободно ќе учестувваат. Мора да се избер нова влада со полн легитимитет. На фер избори, СДСМ ќе ја преземе одговорнсоа која ќе и ја дадат граѓаните. Промените доѓааат, на фер, слободни и демократски избори“, рече Заев.