Министрите и дополнителните заменици министри на СДСМ ги депонираа оставките
Точно на пладне во владината зграда, министрите и дополнителните заменици министри на СДСМ ги депонираа своите оставки. Овој чин го врзуваат со одлуката за распуштање на парламентот донесена на 18-ти јануари и оценката на меѓународната заедница дека не се создадени услови за фер и кредибилни избори на 24-ти април.
Спасовски и неговите колеги не објаснија дали ќе останат на позициите доколку биде сменета одлуката и биде повлечена одлуката за распуштање на Собранието која стапува на сила на полноќ. Таа одлука која владеачкото мнозинство ја донесе минатиот месец според СДСМ означува кршење на договорот од Пржино.
Ковертирани оставки покрај Спасовски поднесоа министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски и дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за земјоделие Љупчо Николовски и за информатичко општество и администрација Александар Кирацоски.
Извор: Телма