Судот не ги пушта новинарите на судењето за случајот „Диво насеље“
Во секој момент во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, пишува Локално.
Многубројните новинарски екипи имаат проблем бидејќи од судската полиција не им дозволуваат да влезат во судницата. Образложението е дека нема доволно место за сите , салата била мала, а таа големата во Врховен случајно се реновирала.
На денешното рочиште, според најавите, исказ треба да дадат сведоци за борбите во Диво Насеље и за нападот на караулата Гошинце, на 21 април. Обвинетите се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.
На претходните две рочишта, обвинетите се изјаснија дека се невини, дека не се терористи и дека се жртви на политички игри. Тие тврдеа дека во Куманово не дошле да војуваат и оти немале наредба да пукаат во полицијата.
Обвинителството соопшти дека располага со доказен матиеријал со кој ќе докаже дека 29-мината се виновни за тероризам и терористичко организирање, за што им се заканува казна од 8 години до доживотен затвор.
На 9 и 10 мај минатата година во полициската акција за елиминација кога терористите беа лоцирани во населбата Диво насеље беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени. Под притисок и целодневни борби беа убиени 10 теросристи , а останатите преживеани терористи се предадоа.