Временска прогноза
Објавено на 16 февруари, 2016 во 06:43
До среда ќе се задржи стабилно и топло за овој период од годината со умерен, повремено засилен јужен ветер.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а дневната температура на воздухот ќе се спушти за околу 5 степени.
Денеска ќе се задржи сончево со умерена облачност и топло за овој период од годината. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Максимална температура до 21 степен.